ВИДЕО – Мариовци на протест, бараат обнова на патот Прилеп-Витолиште, се чувствуваат заборавени од државата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Мариовци денеска го блокираа патниот правец Прилеп-Витолиште како револт што овој пат кој е со должина од 50-тина км. е премногу уништен, а е единствената врска на Мариово со светот. Со години барале помош за патот, но ниту една власт не сакала да ги слушне. Во Мариово живеат околу 200 постојани жители, има неколку рудници, сточари, а пределот е посетуван и од стотици туристи годишно. Револтирани се бидејќи надлежните им викале – „Нема за кого да прават пат“.

 

 

„Морам ова да го истакнам пред јавноста бидејќи е навредливо, како е можно да се кажи дека таму нема луѓе, а кога има и луѓе кои живеат, има и луѓе кои стопанисуваат, има луѓе кои вложуваат натчовечки напори да направат нешто таму. Ние сите сакаме биено сирење, а никој не го поддржува стопанството таму. Велат туризам ќе градиме. Каков туризам ќе градиме?“, истакна Тренчо Димитриоски, жител на Мариово.

 

Освен постојаните жители на протестот учествуваа и оние кои повремено живеат таму. Спасе Чакрески е еден од последните постојани помлади жители во Витолиште, но можеби само прашање на време е кога и тој ќе се исели.

 

„Вистинска голгота е да се патува сега со возило кое треба да се движи по асфалтен пат, значи само со теренско возило. Јас можам да кажам дека во сите села кои се од десната страна на Црна Река нема за жал повеќе деца“, кажа Спасе Чакрески, жител на Мариово.

 

 

Преостанатите жители на другите села, како на пример Врпско се снаоѓаат кој како стигне, велат дека се заборавени од сите.

 

Мојот син замина за Белград, а јас за Врпско. Тој ми се јави од Белград, јас бев стасан само до Живово, уште не бев појден во Врпско. Со самопридонес купивме тамче и со него носиме камења за да го одржуваме патот. Таму се бориме за опстанок на црквата и да се знае дека некогаш таму имало живот“, додаде Митре Грнчески, жител на Мариово.

 

Мариовци одржаа и протест пред Општина Прилеп, каде од страна на градоначалникот им беше кажано дека патот не е надлежност на Општината, но дека тој ќе се заложел кај повисоките органи. Жителите на Мариово пак рекоа дека доколку за брз време не се реконструира патот ќе ги радикализирале мерките.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи