ВИДЕО – Стерјовска: Никнуваат сомнителни објекти во Прилеп, кој гради хотел во градскиот пазар?!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Башибозукот кој ја тероризира Македонија, а е наречен СДСМ не го одминува ниту Прилеп. За Градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талески, очигледно повеќе не се важни ветувањата за нов живот, туку нивните лични интереси и интересите на нивните партиски функционери, рече на денешната прес конференција Ирена Стерјовска Локвенец, претседател на Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Мегаломанските ветувања се претворија во мегаломански лаги, а од така наречената програма за нов живот во Прилеп единствено никнуваат нови сомнителни објекти, се распишуваат милионски нереални тендери за набавки и се појавуваат нови сомнежи за корупција и криминал.

 

Веќе еднаш прашавме, но не добивме одговор, па затоа одново го прашуваме градоначалникот Јованоски:

 

Која фирма гради хотел во градскиот пазар во Прилеп?

 

Дали е вистина дека изградба на ваков тип на објект не е предивден со урбанистичките планови на општината?

 

Како и на кој начин доделувате дозволи за вакви градби и дали можеби вие лично имате интерес од ваков објект?

 

Ако сте заборавиле ќе ве потсетиме што ветувавте за градскиот пазар во вашата изборна програма. Ветивте изградба на модерен комплекс, односно затворен пазар со затоплување и ладење, каде приоритет ќе имаат пазарџиите.

 

Па ве прашуваме каков приоритет ќе имаат пазарџиите од хотелски апартмани, освен доколку не им ги издавате бесплатно да одмараат во текот на денот?

 

Покрај тоа ветивте изградба на подземна сообраќајница, како и посебен подземен паркинг во пазарот. Добро би било наместо ваков крупен залак кој тешко дека можете да го реализирате, за почеток да поставите подземни контејнери насекаде низ центарот на Прилеп.

 

ВМРО-ДПМНЕ будно ги следи сите ваши постапки кои се обидувате да ги скриете од очите на јавноста. Граѓаните очекуваат одговори и мораат да ја знаат вистината!“, рече Стерјовска Локвенец.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи