„Комфи Ангел“ лани со 25 милиони евра приход

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Извор : Фактор

Истражувањето на порталот „Фактор“ покажало дека највисоко и ретко постигнато достигнување во нашата текстилна индустрија е профитна маргина која надминува 5 отсто и ја има само една од девет рангирани компании во истражувањето на „Фактор“.

 

Убедливо најголем меѓу текстилците е прилепски „Комфи Ангел“ компанија што лани имала вкупни приходи од 24,9 милиони евра, а од нив 4,4 отсто се профит. Има ли магична формула со која може да се зголемат платите на вработените, а притоа профитната маргина да остане макар и ваква „тенка“.

 

Девет текстилни компании (четири штипски и по една од Скопје, Делчево, Кочани, Ресен и Прилеп) лани направиле приходи од продажба во вкупен износ од 42,6 милиони евра. Овој приход го направиле вредните раце на 2.607 вработени. Профитот на овие девет компании надминува 1,5 милиони евра.

 

„Ѕвер“ помеѓу текстилните компании е прилепската конфекција „Комфи Ангел“. Лани нејзините 870 вработени направиле производи од кои компанијата приходувала 24,9 милиони евра. Нејзиниот профит лани е 1,1 милиони евра. „Комфи Ангел“ е убедливо најголемата компанија помеѓу деветте конфенции чии податоци ги обезбедивме преку базата на Централниот регистер на Македонија (ЦРМ). Профитот на прилепскиот гигант е 4,4 отсто од приходот од продажба.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи