САД и официјално се повлекуваат од Парискиот договор за климата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Денеска САД и официјално ги известија ОН дека започнуваат процес за повлекување од Парискиот договор за климата од 2015 година.

Државниот секретар Мајк Помпео го нарече договорот „економски нефер“ за американската економија и соопшти дека ја предал официјалната нота во ОН, со што започнува процесот на повлекување кој ќе стапи во сила за една година.

 

Инаку Парискиот договор за климата го потпишаа речиси 200 земји и според истиот секоја земја поставува цели за намалување на емисијата на штетни гасови што доведува до климатски промени.

 

Соединетите држави, кои се најголемиот загадувач со стакленички гасови во светот, ќе бидат единствената земја надвор од договорот.

 

Иако американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука за напуштање кон средината на 2017 година, САД не можат да го сторат тоа до денес, бидејќи договорот забранува повлекување на земјата во првите три години од неговото ратификување.

 

Групите за животна средина соопштија дека се надеваат оти Трамп ќе биде поразен од неговиот ривал и оти САД повторно ќе му се приклучат на Парискиот договор.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи