Претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ Благој Бочварски во вчерашното гостување на емисијата „24 Анализа“ изјави дека трасата на патот Кичево – Охрид сепак не била промашена, како што претходно тврдеше владеачката партија.
„Од друга страна за Кичево Охрид, да се согласувам дека не била промашена трасата, можеби тоа е терминологија која што се употребуваше не од СДСМ, туку и од граѓаните и од медиумите и можеби била превземена од некои од СДСМ“, изјави Бочварски.
Инаку претходно владејачката гарнитура на СДСМ континуирано укажуваа дека изградбата на патот Кичево – Охрид доцни и дека не може да се продолжи со работа токму поради промашена траса. Премиерот Зоран Заев на неколку наврати па дури и лично од собраниска говорница тврдеше дека владата не може да продолжи со изградба на патот заради грешка во трасата.