Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за граѓаните, го трасира здравството на прав пат, ги подобрува условите за здравствените работници и услугите кон пациентите. Почнувајќи од 1 октомври, 2019 година, вредноста на капитациониот бод на матичните лекари, е зголемен за 8 денари, односно тоа е зголемување до 20%, изјави на денешната прес конференција Сара Неделкоска од Комисија за здравство ОО СДСМ Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Мерката ги опфаќа сите матични лекари – општи доктори од примарното здравство, како што се специјалистите по општа медицина, специјалистите по семејна медицина, педијатри, гинеколози, како и специјалистите стоматолози, орални хирурзи и ортодонти.
Зголемување на надоместокот важи и за сите останати приватни специјалисти од другите дејности, кои имаат договор со Фондот за здравствено осигурување.
За оваа мерка во буџетот се обезбедени 465 милиони денари. Тоа се пари на граѓаните, кои се враќаат како поддршка на матичните лекари, со цел поголема мотивираност на лекарите и поквалитетни здравствени услуги за граѓаните.
На овој начин, ја поттикнуваме превентивата во примарната здравствена заштита, се’ со цел спречување и рано откривање на болести, како и навремено и соодветно лекување на пациентите.
Матичните лекари сега ќе можат да препишуваат лекови, кои досега не можеа да ги препишат без дозвола од специјалист, со што ќе се намали долгото чекање на пациентите и гужвите по амбулантите во болницата.
Паралелно со ова, годинава платите на медицинските сестри се зголемија за 10%, и 15% за докторите специјалисти, а дополнителмо од 1 септември зголемување на платите за 5%, добија сите во здравството.
Почитувани, со сите овие мерки, директно влијаеме против одливот на медицинскиот кадар од здравството, а граѓаните добиваат здравствени услуги со подобар квалитет и поширок спектар“, рече Неделкоска.