Жена тешко повредена кога комбе удрило во „тико“ на патот Прилеп-Крушево

Вчера утрото на патот Крушево-Прилеп се случила сообраќајна незгода во која со тешки повреди се здобила 64-годишна жена, пренесуваат од МВР.

„На 04.11.2019 во 08.50 часот на регионалниот пат Крушево – Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес спринтер“, со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ф.(52) од с.Алданци, крушевско, и патничко моторно возило „тико“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(67) од с.Кривогаштани, прилепско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „тико“, Љ.Б.(64) од с.Кривогаштани и била пренесена во Медицинскиот центар Прилеп за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Крушево“, велат од МВР.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи