Пендаровски на тет а тет средба со Макрон

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот Стево Пендаровски на 12 ноември ќе се сретне со претседателот на Република Франција Емануел Макрон, потврдија од неговиот кабинет.

 

Пендаровски следната недела ќе присуствува на Парискиот мировен договор, настан на кој ќе присуствуваат 30 шефови на држави и влади, а средбата со Макрон, како што велат од неговиот кабинет ќе биде одделна.

 

Пендаровски вчера рече дека веќе подолг период се прават напори за да се добие средба со претставници од највисоко ниво во Франција. Тоа ќе биде прва средба воопшто на македонски фунционери со Макрон, по француското НЕ на Самитите во јуни и во октомври. Претходно, во овој период средба барал и премиерот Заев, но без успех.

 

Клучната порака што се очекува од Париз сега е дали и во кои услови е можно да се промени исходот од последниот Европски самит.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи