ВИДЕО – Шумските полицајци во Прилеп на протест, обвинуваат за притисоци од власта и политички прераспределувања

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Шумските полицајци од Прилеп, Битола и М. Брод денеска излегоа на мирен протест пред своите станици поради како што обвинуваат политичките притисоци кои се правеле врз нив од страна на власта и нелогичните партиски мотивирани прераспределувања на 40-тина шумски полицајци во Македонија од еден во друг град. Плус сега морале да патуваат на свој трошок и до 50 км. од дома. Од шумската полиција во Прилеп се преместени двајца во Битола и Македонски Брод.

 

 

 

„Врз нас вршат голем притисок почнуваат ии по телефони да звонат од СДС, ништо да не зборуваме за ова. Ни звонат постојано, нон стоп, звонат со скриени броеви, се закануваат, се прават, ама ќе издржиме“, кажа Гоце Спиркоски, шумски полицаец од Прилеп, преместен во Битола.

 

„јас сум преместен на 29.10.2019 година во М. Брод. Друг колега е преместен од М. Брод во Кичево. Сега имам околу 8.000 денари плус за патни трошоци, до моето работно место од дома има околу 40 км. Превоз нема одам со сопствено возило, 22-23 работни дена во месецот“, вели Рубин Мирчески, шумски полицаец од Прилеп, преместен во М. Брод.

 

Велат дека прераспределувањата се нелогични затоа што биле направени под изговор за зголем обем за работа, а имало само размена на шумски полицајци.

 

„Јас сум од ШПС Кавадарци, во ШПС Прилеп. Со сопствено возило сум дојден, може и да го погледнете тука. Трошоците се околу 8.000 денари месечно. Сето е политички, намерата е да се откажеме од работа, ама не се откажуваме, да се откажеме сакаат за да си вработат нивни“, истакна Марјан Кочов, шумски полицаец преместен во Прилеп од Кавадарци.

 

„Ние како синдикална организација бараме сите полицајци кои се разместени во Македонија да бидат вратени во своите матични полициски станици, во спротивно за во понеделник е закажан генерален протест пред Министерството за земјоделство“, Атанас Велјаноски, претседател на синдикална органзација на ШПС Прилеп.

 

Шумските полицајци обвинуваат и тоа дека немаат никакви униформи, оделе на работа во цивилна облека, немале доволно опрема и возила, а нивниот број бил далеку од реалната потреба. Овие преместрувања велат биле само дополнување на хаосот кој владеел со години во овој сектор. Протестите кои започнаа вчера утре продолжуваат во други градови.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи