Изложбата „Фрагменти“ од Жарко Башески во петок во Цепенков

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На 8.11.2019, петок, во 19.30 часот во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе биде отворена изложбата „Фрагменти“ од Жарко Башески.

 

Текст од Ирма Башеска Ристовска

 

Македонскиот скулптор Жарко Башески, по подолга пауза се враќа во својот роден град Прилеп, со својата нова изложба насловена „Фрагменти“.

 

Преку ова изложување, публиката ќе има можност да погледне неколку различни „фрагменти“ од творечкиот опус на Башески, и паралелно да погледне неколку постари и неколку сосема нови дела, во кои може да се забележи нов начин на претставување на човечката фигура. Новото што го нуди Башески се состои во поинакво, современо, концептуално доживување на фигурата во однос на негвите поранешни дела, како и користење на досега неупотребувани материјали.

 

„Фрагменти“ претставува прозорец кон изминатиот период во кој Башески го менува својот творечки пристап во зависност од тематиката, начинот на работа и употребата на материјали.

 

Оваа изложба и овозможува на публиката да погледне сосема различни дела кои поврзуваат различни периоди од творештвото на уметникот, негови различни идеи, изработени во различни материјали, како силикон и полиестер, додека пак претстава за неговиот моментален интерес ќе понуди делото изработено во стакло.

 

Земајќи предвид дека секоја од скулптурите кои ќе бидат изложени се разликуваат во својот концепт, оваа изложба го претставува токму тоа, „фрагменти“ од внатрешниот креативен универзум на уметникот.

 

Дел од овие дела веќе биле претходно изложувани во големи изложбени салони низ светот, во земји како Франција, Германија, Италија, Латвија, Бугарија, Црна Гора, и други.

 

Биографија

Жарко Башески, роден во Прилеп во 1957 г., е македонски вајар и професор на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломирал на ФЛУ во Скопје на Катедрата за вајарство во 1988 г. Постдипломските студии ги завршил на истиот Факултет во 1998 г. Од 2000 г. до денес работи како професор на Факулетот за ликовни уметности во Скопје, во звањето редовен професор.

 

Интересот на неговата уметничка дејност е свртен кон човечкото, оттаму произлегува и интересот за хиперреалистичниот пристап во оформувањето на концептот на неговите дела, кои во теоретската проекција и го надминуваат хиперреализмот, зборувајќи за животот и светот во кој што живееме. Во неговите дела има неколку елементи, кои се нови за светот на скулптурата и кои ја прават неговата најнова работа различна; концептите, современите погледи за човечката состојба и позиција, произлезени од самонабљудување, техничката продукција и употребата на нови материјали (полиестерна смола, полимермер, силикон, природни влакна), хиперреалистичниот пристап кон моделирањето, димензиите на делата и философскиот пристап, се квалитети кои кога ќе ги споиме во едно, нудат можност за повеќеслојно читање на делата.

 

Моментално, тој е член на Националниот одбор за акредитација и евалуација, член е на Сенатот на УКИМ, на Интеруниверзитетската конференција и е, исто така, член на Комисијата за меѓународна соработка при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2009г. бил член на Меѓународната консултантска комисија за реализација на споменик во леарницата во Виченца, Италија. Од 1999 до 2009 г. бил раководител на Катедрата за вајарство при Факултетот за ликовни уметности, како и во овој период, кога е повторно избран за раководител на истата Катедра, од 2016-2020 г. Во 2007 г. Бил координатор за областа вајарство на втор циклус студии. Неговите дела се претставувани на многубројни меѓународни изложби. Тој е добитник на бројни награди и признанија. Голем дел од неговите дела се во риватни колекции во државата и странство.

 

 

Планирани изложби 2019

 

2019 Уметничка Галерија Марко Цепенков, Прилеп, Македонија

2019 “Bunsen Goetz Gallery”, Нинберг, Германија

2019 Национална Галерија, Приштина, Косово

 

Избор на самостојни изложби

 

2018 „Вон“ – “Out Off” Музеј на град скопје

2018 “Asphyxia”- Cluj Napoca, Романиа

2018 “Asphyxia” Културен институт “Delavski dom Trbovlje”, Словенија

2018 “Asphyxia”, Multimedia Centre Kibla, Марибор, Словенија

2017 “Asphyxia”, Nano Bar, “Museum Debar Maalo”, Скопје, Македонија

2017 “Activating  Receptors”, Мултимедијален центар „Кибла“, Марибор, Словенија

2016 „Ordinary Human“, Национална галерија на Македонија, Скопје

2015 „Adam And Eve – Eternal Resumption», „Helene Nougaro“ Галерија, Париз

2014 „Behind the Look», Уметничка галерија „Миодраг Дадо Ѓуриќ“, Цетиње, Црна Гора

2013 „Transformation“, Париз-Москва галерија, Софија

Bunsen Goetz Галерија, Нирнберг

2012 „Behind the Look», Cite internationale des arts, Париз

2011 Венециско Биенале, изложба Прескок

2010 Културен центар „Григор Прличев“, Охрид

Уметничка галерија Прилеп– Културен центар „Марко Цепенков“, Прилеп

КИЦ, Скопје

МЦ Галерија, Њујорк, САД

2004 Скулптури, Музеј на Град Скопје, Скопје

1998 Скулптура-Храм, Музеј на современата уметност, Скопје

1997 Уметничка галерија Даут-пашин амам, Скопје

1994 КИЦ, Скопје

1993 Уметничка галерија, Битола

Уметничка галерија Прилеп – Културен центар „Марко Цепенков“, Прилеп

1984 Уметничка галерија Прилеп – Културен центар „Марко Цепенков“, Прилеп

 

Избор на групни изложби

 

2018 “50 years of Hyperrealistic Sculpture”, Баку, Азербеиџан

2018 Asphixija  Art Capital Sentendere, Унгарија

2018 “50 years of Hyperrealistic Sculpture”, Kunsthale Tubingen Grmani

2018 “50 years of Hyperrealistic Sculpture”, Kunsthale, Rotterdam, Netherlands

2017 „50. Години хиперреалистична скулптура», Национална Галерија на Австралија, Камбера, Австралија

2017 „Фемина 8“, КИЦ, Скопје, Македонија

  1. „50. Години хиперреалистична скулптура», Музеј Аркен, Копенхаген, Данска

2016 “International Art Exhibition on the topic of migration” Multimedia Centre Kibla, Maribor, Slovenia

2016 „50. Години хиперреалистична скулптура», Музеј на

современата уметност, Монтереи, Мексико

„50. Години хиперреалистична скулптура», Музеј за Фини

уметности на Билбао, Билбао, Шпанија

2015 „Brave New World», DOX центар, Прага, Чешка

„My Heart Is а Tiger», Рига, Латвиа

2014 „Paris je t›aime», Национална галерија на Македонија, Скопје

2012 „Малта уметнички фестивал 2012», Малта

2011 „35. Години ФЛУ, МСУ, Скопје

2008 Освежи се, Плоштад Македонија, МСУ, Скопје

Презентација на македонската култура, Бари, Италија

2005 МЦ Галерија, Њујорк, САД

2004 Изложба од колекцијата на Собранието на град Скопје, Скопје

2003 Годишна изложба на ДЛУМ, Скопје

Портрет, ДЛУМ, Скопје

1998 Зимски салон, Уметничка галерија Даут-пашин амам, Скопје

1997 Зимски салон, Уметничка галерија Даут-пашин амам, Скопје

1996 Изложба, Галерија Харфа, Скопје

Инсталација, Чифте-амам, Скопје

Дом на АРМ, Скопје

Г. Милановац, 4. Меѓународно биенале на минијатури, Србија

и Црна Гора

1995 Зимски салон, Уметничка галерија Даут-пашин амам, Скопје

Истанбул, Турција

Фајетвил, Арканзас (САД)

Изложба од колонијата за ликовни уметности во Прилеп,

КИЦ, Скопје

1994 Зимски салон, Уметничка галерија Даут-пашин амам, Скопје

1993 Цртежи, Годишна изложба на ДЛУМ, Скопје

Изложба на професори од ФЛУ, АНИМА галерија

Цртежи, „Weatherspoon“ Уметничка галерија, Темпи, Аризона

(САД),

Ситна пластика, Уметничка галерија Даут-пашин амам, Скопје

Биенале на цртеж, НУБ „Св. Климент Охридски“

Зимски салон, Уметничка галерија Даут-пашин амам, Скопје

1992 Зимски салон, Уметничка галерија Даут-пашин амам, Скопје

1991 Ситна пластика, Уметничка галерија Даут-пашин амам, Скопје

1990 10. Години од основање на ФЛУ, АНИМА галерија, Скопје

1989 2. Биенале на млади, МСУ, Скопје

Годишна изложба на ДЛУМ, Скопје

1988 Дипломирани студенти на Факултетот за ликовни уметности,

Скопје

Годишна изложба на ДЛУМ, Скопје

1984 Скопје, Хепенинг, Младински културен центар, Скопје

 

Јавни скулптури и споменици

 

2017 “Ordinary Man”- бронза, Институт за меѓународна културна соработка, Тубинген, Германија

2016 Споменик на Методија Шаторов-Шарло, бронза, Прилеп

2014 Коњанички споменик на генералот Михајло Апостолски,

бронза, Скопје

2012 Кузман Јосифовски-Питу, бронза, Прилеп

Споменик на Ѓорче Петров, бронза, Прилеп

Споменик на Св. Кирил и Методиј, бронза, Камен мост, Скопје

2010 Коњанички споменик на Даме Груев, бронза, Плоштад

Македонија, Скопје

Коњанички споменик на Гоце Делчев, бронза, плоштад

Македонија, Скопје

2008 Итар Пејо, бронза, Прилеп

2007 Споменик на „Бранителите на Македонија“, мермер, Скопје

2006 „Скршено крило“, бронза и гранит, Скопје

2005 „Александар Велики“, бронза, Прилеп

2004 „Феникс“, челик, Булевар Македонија, Скопје

1999 „Скулптура – Храм” – „Куполата“, цигла, камен, метал –

плато на ул. Св. Климент Охридски, Скопје

1998 Иконостас во црквата „Св. Леонтије“, Водоча, Струмица

Портрет на Димитар Македонски, мермер, двор на

основното училиште „Димитар Македонски“, Скопје

1997 Дел од проектот „Скулптура – Храм“, камен, плато пред

Музејот на современата уметност, Скопје

 

Награди и признанија

 

2016 Награда за животно дело, „св. Климент Охридски“

2015 Методија Шаторов Шарло, јавен конкурс, Прва награда

2012 Кузман Јосифовски Питу, јавен конкурс на град Скопје, Прва

награда

2011 Прва награда на јавен конкурс, скулптури на Петре Прличко,

Мери Бошкова, Тодорче Николовски

„13 Ноември 2011», Почесна награда од градот Прилеп

Кузман Јосифовски Питу, Јавен конкурс на градот Прилеп,

Прва награда

Ѓорче Петров, Јавен конкурс на градот Прилеп, Прва награда

2010 Прва награда, Три музи, колонада во центарот на Скопје

2008 II. Интерпретативна награда на конкурсот за споменик на Св.

Кирил и Методиј, Скопје

III. Награда на интернационален конкурс за коњаничка

скулптура, Филип II, Скопје

  1. Интерпретативна награда на интернационален конкурс

за коњанички скулптури на Гоце Делчев и Даме Груев,

Плоштад Македонија, Скопје

III. Награда, фонтана и скулптура на Филип II, Скопје

2007 III. Награда на интернационален конкурс за коњаничка

скулптура и фонтана на Александар Македонски, Скопје

2004 Годишна награда на ДЛУМ „Нерешки Мајстори”, Музеј на град

Скопје

1998 Годишна награда на ДЛУМ „Нерешки Мајстори”, Уметничка

галерија, Скопје

1993 Годишна награда на ДЛУМ „Ситна пластика“, Уметничка

галерија, Скопје

 

Резиденции и академска кариера

 

2015 Работен престој во Берлин,

Работен престој во Париз

2014 Работен престој во Њујорк

2012 Работен престој во Париз

2000 Професор по вајарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје

1997 Магистер по Вајарство, Факултет за ликовни уметности во Скопје

1990 Стручен соработник, Факултет за ликовни уметности во Скопје

1988 Член на ДЛУМ (Друштво на ликовни уметници на Македонија)

1984- 1988 Додипломски студии, Факултет за ликовни уметности во Скопје

1978 – 1981 Студентски престој во Лондон

1976 – 1979 Додипломски студии, Виша економска школа, Прилеп

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи