ВИДЕО – Започнаа долгочекуваните истражувања и анализа за заштита на иконостасот во Стара црква во Прилеп

Прилепскиот „Завод и музеј“ започна со долгочекуваните истражувања и анализа на иконостасот во црквата Свето Благовештение во Прилеп кој е стар 180 години, а истиот веќе со децении се распаѓа и е оставен на забот на времето, без никаква грижа од државата. Деновиве се започна со фотодокументација на иконите и резбата, а наредната недела треба да се земат и примероци од иконостасот за подетална анализа.

 

 

„Скелето е поставено, започнато е да се прави фотодокуметација, ќе дојдат стручни лица од музејот во Битола околу дрвениот и обоениот слој. Значи започнуваат истражувачките работи за да се изработи комплетно проектот оваа зима, за да од наредната година започнеме со реализација“, истакна Благоја Атанасоски, директот на Завод и Музеј Прилеп.

 

Според резултатите од анализите на дрвото и иконите ќе се знае како ќе се конзервира иконостасот. Барањето за конзервација било доставено до до Mинистерството за култура, од каде се надеваат дека ќе се најделе средства за наредната година.

 

„Имаме проекти кои одат преку годишната програма на Министерстото за култура, имаме и вон годишни програми, треба да се состават потребните документи за таа ревитализација, има комисии, ќе се разгледа сето тоа и се надевам дека ќе го прифатат и ќе се реализира“, изјави Хусни Исмаили, министер за култура.

 

Свештениците кои со години бараат негова заштита неколку пати порачаа дека ако иностасот не се заштити тој може да се урне.

 

„Не е далеку денот кога постои опасност иконостасот со оваа голема маса и висина која ја има да падни кон народот“, рече протоереј ставрофор Благоја Станкоски, архиерејски намесник. ( 09.04.2019 ).

 

Иконостасот е прв по големина во Македонија, а трет според непроценливата вредност, после иконостасите во црквата Свети Спас во Скопје и Бигорскиот манастир, а го изработила тајфата на познатиот копаничар Петре Филипоски – Гарката.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.