Концерт на квартетот Полихимниа во Цепенков – гости Ана Митоска и Катерина Попоска

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во рамките на одбележувaњето 40 години од формирањето на Домот на културата на 13 ноември 2019, среда од 19 часот во изложбениот салон на Центарот концерт ќе одржи кварететот Полихимниa. Гости на истиот ќе бидат Ана Митоска  – сопран и Катерина Попоска – мецосопран.

 

Програма

 

* A. Corelli – Соната op.2, бр.4      

-Adagio

-Allemanda.Grave

-Adagio

-Giga

 

* A. Vivaldi- Концертво D-dur

-Allegro

-Largo

-Allegro

 

* W. Forde

– Полонеза G-dur

 

* F. Kuhlay- Соната оp.119, G-dur

-Allegro moderato

-Adagio Patetico

-Rondo

*D. Shostakovich- Suita

 

 

* F. Behr

– Ноктурно (Evening on the Sea), op. 252, бр.3

 

*J. Johow

-Trying to fly

– Spring waltz cannon

 

* ‘Bel piacere’ –арија од операта „Агрипина“ на Г.Ф. Хендел

 

* ‘So shall the lute and harp awake’ – арија од ораториумот „Judas Maccabeus“на Г.Ф. Хендел

 

* ‘Serenade’ – Ф. Шуберт

 

*’Barcarolle’ – Дует од операта „Хофманови приказни“ од Ж. Офенбах

 

 

Податоци за квартетот

 

Квартет Полихимниа го започнува своето делување во 2017година, идеја која се вродува по реализација на еден интересен проект “Професорите и учениците камерно музицираат“, ова воедно е и почетокот на концертното деби на Квартет Полихимниа.

 

Во Квартет Полихимниа настапуваат  Николина Е. Тодоровска- флејта, Риана Рамиз- виолина, Маре Видевска- виолончело и Верица Шотаровска- пијано, професори во УОМУ “Панче Пешев“- Куманово и ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј“- Скопје. Тие се активни изедувачи, професори со богата биографија и бројни успеси, имаат освоено многубројни награди со своите ученици и се дел од жири комисии за категорија соло флејта, виолина, виолончело, пијано и камерна музика на државните и меѓународните натпревари. Квартет Полихимниа брои неколку настапи од своето формирање, настапува на концерти со своите ученици, гостува со ученици на концерт во УОМО “Панче Пешев”-Куманово, настапува на Зимскиот музички камп 2018г. во Крушево во Домот на Културата, концертно настапува во КИЦ Салон 19,19 април 2018г., на Меѓународниот Фестивал Полихимниа во 2017г. во Даут пашин амам, реализира концерт “Летни звуци” на Манифестацијата “Летни скопски акорди 2017г.” на плоштад Мајка Тереза во Скопје и концерт на Манифестацијата “Карпошово лето 2017г.”Т.Ц.Лептокарија. Во 2018г.и 2019г. настапуваат на манифестацијата Нов културен бран од Министерство за култура со два целовечерни концерти во Скопје и Лешок во преполните сали на Даут пашин амам и Дом на културата Кирил Пејчиновиќ-Тетоец,во 2019г. Подржани од министерството за култура, ќеги реализираат концертите во Велес, Прилеп, Неготино, Охрид., а истата година ќе настапат на меѓународна сцена со Божиќен концерт во Сала Балдини, Рим.

 

Квартет Полихимниа со своите колеги редовно настапува на училишни концерти, тие се трудат секогаш програмата која ја изведуваат да е различна, да ги вклучуваат своите ученици и да ги афирмираат. Заедно работат на формирање на програмот за концертите, ги обработуваат избраните дела и аранжираат за соодветниот камерен состав. Програмата која ја интерпретираат ја прикажува нивната виртуозност и музикалност, преку неа сакаат да се приближат до публиката, да ги пренесат своите емоциите и да ја задржат возбудата на публиката до последната нота.

 

Ана Митоска – сопран – дипломира соло пеење на ФМУ – Скопје , во класата на проф. Славица Галиќ – Петровска. Бележи настапи во Македонија, Италија, Бугарија, Шпанија. Учесник е на повеќе мастеркласеви за класично пеење низ Европа. Работела повеќе од една деценија во Македонска опера и балет, настапувајќи на манифестации како Мајски оперски вечери, Охридско лето, Скопско лето, како и во редовниот репертоар на Операта, во која бележи и концертни солистички настапи со хорот и оркестарот на МОБ. Од 2018 година работи во Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп. Како солист има остварено соработки со повеќе македонски и европски музичари и врвни ансамбли, самостојни концерти и перформанси. Нејзиниот разновиден и несекојдневен репертоар се протега од раната класична музика и почетоците на белканто стилот, па наназад преку старите стилови на пеење како средновековна литургиска музика, музика на трубадурите, источно црковни напеви и музика од светот, кон ангажмани како вокален солист во филмска и театарска музика. Ангажирана била и како музички соработник во театар. Дел е и од претставата „Глембаеви“ во НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, во улогата на Анита. Својата вокална техника и интерпретација ги усовршува со Ема Киркби, Руди Парк, Бенџамин Бегби, Катарина Ливјаниќ, Ана Дурловски, Михаило Арсенски, Билјана Јакимовска- Јовановска и Јосиф Герџиков.

 

 

Катерина Попоска мецосопран – дипломира на Факултетот за Музичка уметност во Скопје, отсек Музичка теорија и педагогија. Средното музичко образование го завршува во Битола, отсек Муз. теорија и педагогија, а основното музичко образование во Прилеп во “Ордан Михајлоски-Оцка”, отсек Соло пеење. (2006)Како хорист учествува во првата постава при хорот на ФМУ „Драган Шуплевски“ , учествува и во хорот на Младинскиот културен центар во Скопје (каде што освојуваат високи награди во Швајцарија, Италија) и двата хора под диригентска палка на маестро Сашо Татарчевски. (2014)По враќањето во Прилеп учествува како вокал во составот Џез, соул, фанк квартет , учествува како гостин на годишен концет на “Октетот Прилеп”. (2015)Учествува како основач и хорист на хорот “св.Петка”. (2018)Како диригент застанува пред градскиот хор при Куд.”Пере Тошев” Прилеп, каде што настапуваат во Р.Бугарија и земаат висока награда, настапуват во Земун,Белград, Р.Србија, во Македонија на „Охридски староградски средби’19“.Учествува како солист во преформансот „Сонувања за заборавеното“.Во меѓу време настапува на хуманитарни настани и концерти во родниот град како вокал и како диригент моментално работи како професор по Музичка култура во средното Економско улилиште каде што го води и хорот при тоа училиште , а работи и во основното муз. училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“ во Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи