Министерството за здравство најголем потрошувач, а со најмала транспарентност и отчетност

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерствата, владините секретаријати и Собранието просечно исполнуваат 55,2 % (од максимално можни 100 %) од критериумите за транспарентност, отчетност и интегритет во целиот циклус на јавните набавки, покажува рангирање на 21 институција според транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки.

 

Најмногу институции се рангирани во ’ограниченото‘ ниво на транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки, со исполнување на критериумите меѓу 40 % и 60 % (од можни 100 %). На врвот се Министерствата за економија и за одбрана, а на дното Министерствата за здравство и за образование и наука.

 

Анализираните институции заедно потрошиле 124 милиони евра за јавни набавки во 2018 година. Поединечно, најмногу пари за јавни набавки потрошила институцијата која е најслабо рангирана, Министерството за здравство (39 милиони евра), додека, пак, Министерство за економија, како прворангирана, е во групата на институции со помал обем на јавни набавки (334.000 евра).

 

Во извештајот се наведува дека институциите со минимално ниво на транспарентност, отчетност и интегритет во 2018 година потрошиле 31 % од парите, наспроти 2016 година, кога тој удел изнесувал дури 75 % од вредноста на тендерите на Владата и на Собранието.

 

86 % од институциите го објавуваат годишниот план за јавни набавки на своите веб-страници, само половина ги објавуваат огласите за јавните набавки, а само две ги објавуваат известувањата за склучените договори. Плановите за јавни набавки просечно се реализираат 65 %. Најниската реализација на една институција изнесува 32 %, а највисоката 92 %.

 

Намалено е користењето на постапката со преговарање без објавување оглас.Голем е уделот на анекс-договорите кај анализираните институции и во однос на националниот просек и во однос на ланската состојба.

 

Истражувањето покажало и дека се влошува одговарањето на институциите на доставените барања за слободен пристап до информации од јавен карактер. Лани одговориле просечно за 38 дена, годинава за 42, иако максималниот законски рок е 30 дена.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи