УЈП ја објави листата на должници, ТЕ-ТО најголем должник кон државата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници за долгови доспеани до крајот на јули, годинава и неплатени до крајот на октомври по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

 

На листата на должници објавени се 2.020 правни лица или за 25 повеќе од претходно, како и 2.539 физички лица, односно за 19 повеќе од претходната листа.

 

На врвот на листата по висината на долгот се компаниите ТЕ-ТО со долг од 1.058.989.960 денари, „Ел Дон Кастилло“ со долг од 466.870.265 денари, „Индустрија Ал Азтека„ со долг од 466.250.696 денари, „Мотор коал индустрија интернационал„ со долг од 466.213.563 денари и „МЛ Глобал Италу„ со долг од 264.335.685 денари.

 

На листата повторно бројни се јавните претпријатија. ЈП за одржување магистрални и регионални патишта должи дури 259 милиони денари, Јавното комунално претпријатие Тетово должи 159 милиони денари, Македонска радиодифузија должи 25 милиони денари, Водостопанство на Македонија должи 8 милиони денари, МРТ 21 милион денари…

 

Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.129.716.081 денари, или за 15.032.646 денари повеќе од претходната листа.

 

Целата листа на УЈП може да ја видите ТУКА.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи