Ќе се стопираат платите во сите институции кои нема да го ажурираат бројот на вработени

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски информираше дека Министерството денеска ги пушти платите на административците кои беа стопирани поради тоа што институциите каде што работат не ги ажурирале податоците за вработените во Информациониот систем за управување со човечки ресурси.

 

Сметките на институциите се функционални, но платите на вработени беа задржани од УЈП по налог на Mинистерството за информатичко општество и администрација како опомена за неажурноста на надлежните. Според Манчевски оваа активност ги даде посакуваните резултати. Само во перидот од 15 октомври до денеска во системот се внесени нови 32.247 податоци за вработените. Од овие, 21.827 податоци се за вработени што воопшто ги немале досега, а 10.420 податоци претставуваат ажурирање на претходно доставени податоци. Моментална бројка на вкупно внесени вработени се 91.653.

 

„Нашата цел не е казнување на вработените. Затоа, денес сите ќе ја добијат платата за октомври. Но, наша цел е воведување ред во системот и обезбедување точни податоци за состојбата со бројот и демографските карактеристики на вработените во јавниот сектор во ИСУЧР во согласност со законот. Впрочем, граѓаните имаат платено над 2 милиона евра за овој систем за управување со човечки ресурси“, рече Манчевски.

 

Министеrот Манчевски вели дека стопирањето не е еднократен процес, туку ќе се повторува секој месец со цел да се има релевантни податоци за вработените во реално време.

 

Во оваа, како што кажа тој, операција, не се вклучени здравствените, образованите институции и градинките, но и овие кадри ќе треба да бидат внесени во системот откако ќе бидат донесени измените на Законот.  Во овој процес не се нити Министерството за внатрешни работи, ниту Армијата, затоа што нивна обврска според закон е доставување само на вкупна бројка на вработени без поединечна анализа.

 

Извештајот со вкупниот број на вработени во администрацијата ќе биде објавен во март.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи