Буџет 2020 – вложување во човечки капитал или предизборен поткуп?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Зголемување на плати и пензии, субвенции и рурален развој, помош за стопанството… се дел од целите предвидени со новиот буџет за 2020 година, кој изнесува цели 3.9 милијарди евра.

 

Владата денес го усвои предлог-буџетот, а на прес конференција го презентираа премиерот Зоран Заев и министерката за финансии Нина Ангеловска. Предвидено е околу 3.6 милијарди евра да бидат собрани од страна на Владата, додека дефицитот од 283 милиони евра ќе биде финансиран со задолжување во странство.

 

Планирано е две третини од буџетот да одат во секторите здравство, образование и социјала, односно платите во здравството ќе се зголемат од 10 отсто за медицински сестри до 25 отсто за лекари специјалисти, во образованието за 10 отсто, а пензиите ќе пораснат за 850-900 денари. Според премиерот не станува збор за политички поткуп пред избори, туку резултат од развојот на економијата.

 

„Ние не сакавме предвремени избори а тоа што сега го преземеме уште одамна гo најавивме. Јас реков дека доаѓа време кога нашето добро владеење, храбрите мерки и одлуки што го преземаме ќе придонесат за подобри економски резулати. Тие резулати пак ни даваат можност, ефектите да ги споделиме со нашиот народ кој заслужува и има право да ги почувствува. Сакам да посочам дека нема да има никакви задолжувања или кредити, ниту денар за плати, за пензии, за социјални издатоци“, рече Заев.

 

Министерката за финансии пак истакна дека мора да се инвестира во човечкиот капитал со цел да се подобри животниот стандард, но и да се намали иселувањето на младите.

 

„Доколку не вложуваме континуирано во човечкиот капитал, како земја нема да имаме работна сила подготвена за работните места на иднината, нема да бидеме конкурентни со светската економија и нема да може да го одржиме економскиот пораст. Свесни сме дека како земја според индексот на човечки капитал, кој ја мери потенцијалната продуктивност на детето согласно инвестираното во него преку здравството, образованието и социјалната грижа, заостануваме во регионот“, рече Ангеловска.

 

За 2020 година предвиден е пораст на економијата од 3,8 проценти.

 

Наредната година владата ќе се задолжи за една милијарда евра, 560 милиони евра на странскиот пазар и 440 милиони евра дома. Од тие пари треба да врати стари долгови од 700 милиони евра, а останатите пари, или 374 милиони евра, како што велат, ќе бидат за капитални инвестиции, што претставува помалку од годинава.

 

Јавниот долг до крај на година се очекува да биде 49,4 проценти, а за догодина на порасне на 51, 2 проценти.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи