Изградба на канализација во Норово, асфалтирање на пат и изградба на цевковод во Саждево

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Започнува имплементацијата на три големи проекти за населените места во општина Крушево – изградба на фекална канализација прва фаза во с. Норово и асфалтирање на пат во с. Саждево, а од понеделник изградба на цевковод во с. Саждево.

 

Овие проекти заедно со веќе изградениот резервоар за вода во с. Борино се финансирани од Министерствот за транспорт и врски и имплементирани од општина Крушево, а денес во присуство на претставници на Министерството направен е вовед во работа и со тоа официјално се означува имплементацијата на овие два големи проекти.

 

Меѓу граѓаните на населените места Норово и Саждево беше и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски кој порача дека долговетуваните проекти конечно се со реализација на терен.

 

„ Бев оправдано критикуван од граѓаните во с.Норово затоа што никој во минатото не им помагал ниту работел тоа што се барало од него. Продолжија да ме критикуваат, обвинуваат дури и јавно по медиуми и социјални мрежи, бев прозван, но сигурен сум дека тоа не беше злонамерно, мислејќи дека и овој градоначалник лажи како и претходните. Во меѓувреме се средуваа сите бирократски процедури кои верувајте беа многу тешки и работата подеднакво исцрпувачки тешка и напорна, на моменти дел од екипата која работеше на проектот бараше одлагање, но изричито беше моето барање дека мора и ќе го реализираме проектот, притисокот од населението беше огромен и оправдан. Плус, зборува за 21-ви век и основна потреба. Успеавме, после толку време, труд да дојдеме до започнување на проектот канализација во с. Норово, асфалтирање на пат во с. Саждево, а од понделник и изградба на цевковод во с. Саждево.“, изјави градоначалникот Христоски.

 

Вредноста на проектот за канализацијата во Норово изнесува 10 972 424 денари, за реконструкција на патот до Саждево 10 474 546 денари и за изградба на цевководот – 2 653 498 денари.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи