И покрај преголемата администрација, фрчат огласи за нови вработувања во државните институции

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Директори, раководители, референти, советници, инспектори… огласи за преку 200 нови вработувања во државните институции изминатиов период се објавени на сајтот на Агенцијата за администрацијата, со плати и до 55.000 денари.

 

Според министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, кој претходно најави реформа со која вишокот на работници од администрацијата ќе се префрлат во приватниот сектор, вработувањата во јавната администрација не само што нема да се стопираат, туку напротив тие ќе се зголемат. Манчевски негира дека новите вработувања се поврзани со предвремените избори и признава дека постои превработеност во администрацијата, но сепак имало и потреба од нови кадри.

 

„Огласите не ги распишува Министерството. Ние немаме евиденција кому што му треба. Затоа има раководители на институции. Не сме запознати колку огласи се објавени за примање нови вработени во јавната администрација, бидејќи тоа не е надлежност на МИОА, туку на Агенцијата за администрација“, рече Манчевски.

 

Според податоците во јавниот сектор работат околу 130  илјади лица.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи