Над 9.000 луѓе годишно ја напуштаат Македонија, главна причина економскиот фактор

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Според истражувањето на организацијата за економија „OECD“, околу 9.000 до 9.500 граѓани се отселуваат секоја година од државата. Најмногу од нив заминуваат во европските земји, а помалку во Америка и Австралија, велат во Агенцијата за иселеништво.

 

Од таму објаснуваат дека бројот на иселени граѓани , според добиените статистики од странство се движи над половина милион луѓе, а како главна причина за иселувањето е економскиот фактор.

 

„Значи веќе тоа е проблем, кој според мене е доцна да работиме само на случајот за спречување на иселување и на младите, тој бреин дреин. Веќе треба да почнеме да размислуваме и да правиме реална стратегија , како да ги анимираме тие иселеници да ни помогнат и да ги користиме нивните капацитети кон државата“, изјави Никола Шалваринов, директор на Агенција за иселеништво.

 

Според Дамир Незири, претставник на Вестминстер фондација за демократија, единствената позитивна работа во иселувањето е повратокот на средства во државата.

 

„Околу 200 милиони евра или скоро два отсто од БДП се враќаат по регуларни патишта, преку банки итн. Но, како што рече, има проценка дека низ сиви зони се враќаат околу 400 милиони евра или вкупно 600 милиони евра, што е сериозна бројка“, рече Незири.

 

Со цел овој тренд да се намали од Министерството за образование најавија дека ќе ги форсираат стручните школи, за младите да се поконкурентни на домашниот пазар на труд.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи