Нема алтернатива за полноправно членство во ЕУ, но потребно е време за внатрешна реформа

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Претседателот Стево Пендаровски по средбата со Емануел Макрон рече дека францускиот претседател истакнал дека нема друга алтернатива за полноправно членство во Европската унија, но потребно било повеќе време за внатрешна реформа на Унијата.

 

Претседателот Пендаровски ги изложил своите аргументи пред Макрон, и ги слушнал неговите.

 

„Ние не би се согласиле на никаква алтернатива на полноправно членство, тоа може да трае години и години, но ние не прифаќаме друга алтернатива. Тој ми рече прецизно дека никогаш не му била намерата да ни даде алтернатива на полноправно членство, само сака да го подобри процесот за да не продуцира само бирократски успеси, а суштински неуспеси кај земјите кандидати“, изјави Пендаровски по средбата во Париз, во рамките на Парискиот мировен форум.

 

Како што пренесе Пендаровски, Макрон веќе почнал со расчистување на новата методологија за проширување на ЕУ и по промената би можело да се очекува одлука на Европскиот совет за отворањето преговори на самитот во мај во Загреб.

 

„Претседателот Макрон и неговиот тим веќе имаат предложено нон-пејпер, кој циркулира меѓу земјите членки од пред недела дена и очекува процесот да заврши во наредните месец два начелно. Тој мисли дека методологијата треба да биде усвоена до март, но меѓународна организација со 28 членки не може да бидете сигурни“, кажа Пендаровски.

 

Макрон рекол и оти промената на методологијата и отпочнувањето на преговори може да одат паралелно и оти земјата испорачала се што се барало од неа.

 

Македонскиот претседател изјави дека Макрон најавил посета на Македонија во првата половина од наредната година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи