„Од Нас за Вас“ – концерт со кој ќе бидат одбележани 40 години Дом на култура „Марко Цепенков“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На 14.11.2019, четврток во 19.00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт „Од Нас за Вас“, со кој ќе бидат одбележани 40 години од формирањето на Домот на културата „Марко Цепенков“. Воедно, во изложбениот салон ќе биде поставена рестроспективна изложба на дела од колонијата Дрен.

 

Програма за концертот

 

ТАНЦОВО СТУДИО „ ЗОДИЈАК “

КОРЕОГРАФИИ :

  • ПОНИШТЕНО ( модерен балет )
  • БЛЕДИ ЕМОЦИИ ( современ танц )
  • КОН ДЛАБОЧИНА ( хип хоп )

 

Пејачите

АНА МИТОСКА – сопран , КАТЕРИНА ПОПОСКА – мецосопран, ДЕНИС НАЈДОСКИ – пијано

  • „Belpiacere“ – арија на Попеја од операта Агрипина Г.Ф.Хендел
  • „So shall the lute and harp awake “ од ораториумот Judas Maccabeus од Г.Ф.Хендел
  • „ Бакарола “- дует на Џулиета и Никлаус од операта „ Хофманови приказни “на Жак Офенбах

 

Театар ЧИН 4 СЦЕНА 5

ИЗВАДОЦИ ОД ПРЕТСТВИТЕ „ АНА ФРАНК “ И „ КУМОВИ “

 

Пејачот ИЛИЈА БЕЛИСТОЈАНОСКИ

  • Ella mi furapita- арија на војводата од Мантова од операта „ Риголето “ – Џ.Верди
  • Core’ ngrato–S.Cardillo ( Кардиљо) – наполитанска канцона
  • O sole mio- наполитанска канцона – E.Di Capua ( Ди Капуа )

 

OKTET „ ПРИЛЕП “

  • Песна за Прилеп
  • Овој живот мој
  • Не стој Доне , Донке

 

„ DOUBLE  STRINGS “Андријана Дукоска – виолончело, Љупчо Трајаноски – виолина

  • Преработки на популарни песни ( три композиции )

 

КУД  „ МОМИНОК “

  • Сплет од источна Македонија
  • Тресеница
  • Тропнало

 

Свеченото отворање на тогашниот Дом било во ноември 1979 година со претставата „Факел“ од Коце Солунски.

 

Тешко е да се сублимираат сите активности – концерти, претстави, изложби, промоции… низ годините, но сега ЦК „Марко Цепенков“  e вистински репрезент на  културата и уметноста, не само во градот и во Македонија, туку и пошироко.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи