МАН: Владата продолжува со директно и безобѕирно поткупување на медиуми

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Македонската асоцијација на медиуми (МАН) го осудува предлогот на министерот Роберт Поповски поддржан од Владата за, како што вели, поткупување медиуми за 2019 година, со пари од буџетот во износ од 50.000.000 денари.

 

МАН смета дека оваа одлука на владата е дискриминирачка, бидејќи се фаворизираат и финансираат само печатени медиуми, а дискриминирани се телевизиите и електронските портали.

 

Истовремено, МАН смета дека станува збор за класична корупција на цели медиуми (не само на новинари) и директно влијание врз уредувачката политика на весниците.

 

„Дека станува збор за коруптивно однесување говори и фактот дека владата од буџет финансира застарени медиумски формат кој ниту кај нас, ниту во Европа нема значително медиумско значење во однос на електронските медиуми (ТВ, Радио), а особено во однос на дигиталните медиуми (портали/социјални мрежи). Така што, овој трошок од буџетот на Македонија нема никаква оправданост ниту јавна, ниту економска, освен коруптивна, а тоа е да се држат весниците во зависност и да опстојуваат само од вашите, владини пари за да ја фалат вашата политика“, се наведува во реакцијата од МАН.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи