Царовска: Просечната пензија во 2020 година ќе биде 15.500 денари

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Од јануари 2020 година пензионерите ќе добијат покачени пензии за 700 денари. Со ова последно зголемување просечната пензија ќе изнесува ќе изнесува 15.500 денари, изјави денес министерката за труд и социјала Мила Царовска.

 

„При спроведувањето на пензиската реформа дадовме индексација на трошоците на живот два пати годишно и трето дополнително зголемување кога ќе имаме други економски паратметри како можност да го усогласиме квалитетот на живеење на работоспособното население со пензионерите. Тука не ја елиминираме индексацијата растот на пензиите да ги следи економските параметри. Најниските пензии до 12.000 денари ќе пораснат од 5,8 до 7,8 отсто, додека кај повисоките пензии порастот ќе биде 1,8 до 5,8 отсто. Правиме нивелација на пензиите“, рече Царовска.

 

Таа појасни дека сите пензионери со јануарската пензија ќе добијат зголемување од 700 денари кое заедно со двете усогласувања кои ќе се случат следната година ќе достигне до 900 денари.

 

Според министерката ова е најголемо покачување во последните 12 години.

 

Во 2020-та година, една милјарда евра ќе се одвојат за пензии, а зголемените пензии ќе ја чинат државата околу 50 милиони евра.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи