Антикорупциска: Нема судир на интереси кај Мицкоски за хидроцентралите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Државната комисија за спречување на корупција ја прекина постапката против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, која беше отворена по допрен глас, а се однесуваше на добивањето концесии за изградба на хидроцентрали. Комисијата едногласно ја донесе одлуката дека нема одговорност односно судир на интереси.

 

Постапката се одолговлекуваше седум месеци, Мицкоски бил и на интервју кај антикорупционерите кои проверуваа дали тој како советник на Никола Груевски и дел од управниот одбор на ЕЛЕМ имал акти да влијае на донесувањето на одлуки.

 

Антикорупциска утврди дека нема одговорност кај лидерот на опозицијата, затоа што во 2014 година кога била донесена одлука за распишување на тендерот за мали хидроцентрали кај Пехчево и Берово, Мицкоски не бил ниту советник ниту во одборот во ЕЛЕМ.

Советник на Груевски тој станал дури во април 2015, додека во одборот влегол август истата година, а тогаш одлуките за тендерот веќе биле донесени.

 

Исто така, фирмата „Енерготек ДОО Скопје“, чијшто сопственик во тоа време е Мицкоски, била едиствена пројавена на огласот за изградба на мали хидроцентрали во Беровско и Пехчевско.

 

Антикорупциската комисија ја отвори постапката прптов Мицкоски на 3 мај годинава под сомение дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во време додека бил директор на државната ЕЛЕМ и советник за енергетика на поранешниот премиер Никола Груевски добил под концесија државно земјиште од 33 илјади метри квадратни и концесија за користење води за изградба на хидроцентрали како сопственик на фирмата „Енерготек ДОО Скопје“.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи