Антикорупциска отвори предмет против Анѓушев – вицепремиерот тврди дека не го прекршил законот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Антикорупциската комисија донесе иницијатива со која од премиерот ќе се бара да поведе постапка против вицепремиерот Кочо Анѓушев за владината одлука да се намали царината на литиумските батерии за акумулатори.

 

„Анѓушев, кој има бизнис со акумулатори, присуствувал на седницата на која била усвоена одлуката и не се изземал од вториот дел на постапката, односно учествувал во расправата и давал предлози“, велат од Антикорупциска.

 

Комисијата утврдила судир на интереси. За одуката на ДКСК гласале четворица членови, двајца биле против. Предметот го поднел анонимен доставувач.

 

Анѓушев во реакцијата до медиумите по одлуката на антикорупционерите тврди дека не го прекршил законот и дека во функцијата на вицепремиер за економски прашања работи исклучиво во интерес на граѓаните и во согласност со законските прописи.

 

„Постапувајќи по предметите иницирани пред ДКСК, ги доставивме сите побарани податоци и документи со цел да им овозможиме да ја утврдат материјалната вистина. Во конкретниот случај за  намалување на царинските стапки за литиум-јонски батерии за акумулатори уште еднаш потврдувам дека во предметот имам доставено изјава со која се изземам од постапување и одлучување. Не ги знам причините поради кои антикорупциската комисија ја донела одлуката. Кога ќе ја добијам написмено, ќе може да дадам коментар за неа. Убеден сум во законитоста и исправноста на моето работење и ќе ги преземам сите неопходни дејства пред надлежните органи за да се докаже вистината бидејќи не сум ги прекршил законските прописи. Владата во полн капацитет одлучува по сите прашања што се поставуваат на владина седница и секаде каде што е можно да дојде до конфликт на интереси, уредно сум се пријавил и сум поднел изјава во согласност со законот“, се вели во соопштението.

 

Со оваа дејност се занимава единствено фирма сопственост на вицепремиерот.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи