ВИДЕО – Петреска: За 4.500 денари повисока плата за над 1.000 образовни работници во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, го исполнува дадениот збор и преку активни мерки ги зголемува платите, стандардот и куповната моќ на граѓаните, рече на денешната прес конференција Стефани Петреска, член на комисијата за образование на ОО СДСМ Прилеп

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Директна потврда на тоа дека сме на прав пат, е последното покачување на платите на вработените во основното, средното и високото образование, за 10 отсто, кое стартува од 1 јануари 2020 година.

 

Ова претставува трето покачување на платите кај вработените во образованието, откако две години по ред со септевриските плати добија покачување од по 5 отсто.

 

Тоа значи дека за само две и пол години, СДСМ ги зголеми платите во образованието за 20 отсто.

 

Над 1.000 вработени во образовните институции од општина Прилеп, кои беа потценети, уценети и маргинализирани, и кои во последните 7 години власт на ВМРО-ДПМНЕ добија покачување на платите за околу 800 денари, сега добиваат повисоки плати во просек за 4.500 денари.

 

Почитувани, за 11 години ВМРО-ДПМНЕ го руинираше образованието, го погазуваше достоинството на наставниците и професорите, ги малтретираше учениците и нивните родители.

 

ВМРО-ДПМНЕ го воведе екстерното тестирање, носеше заменски контра-наставници во време на најголемиот шрајк во образованието, и создаде образовен систем кој беше рангиран како најлош во Европа.

 

Денес, СДСМ инвестира во образованието, вложува во наставниот процес, го подобрува ученичкиот и студентскиот стандард, драстично ги зголемува платите на вработените во образованието, а нивното право на штрајк е загарантирано“, рече Петреска.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи