Македонија наскоро ќе ја добие првата служба за спасување во пештери, Дарко Неданоски од СК Златоврв Прилеп единствен учесник на ECRA

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Македонија за прв пат учествува на Европскиот конгрес за спасување во пештери. Наш претставник е Дарко Неданоски од спелеолошкиот клуб Златоврв Прилеп. Неданоски има посетено многу курсеви за спасување, обуки, семинари, експедиции во странство, тој е иинструктор и го држи рекордот во Македонија во спуштање на 950 метри под морското ниво. Македонија во моментов е во постапка за прв пат да добие служба за спасување во пештери.

 

„Нашата држава има голем потенцијал во спелеологија и планински спортови, имаме многу млади деца кои напорно вежбаат и сакаат да завземат место во спасителните служби. Ќе направам се што е во наша надлежност да ја претставам нашата држава во најдобро светло“, истакна Дарко Неданоски, спелеолог.

 

На конгресот присуствуваат повеќе од 100 претставниции од цела Европа како и Велика Британија и САД. Целта на конгресот е сите земји да се соберат и да дискутираат за различни ситуации, методи за спасување, техникии на користење при работа, како и што да се подобри во иднина.

 

Дарко Неданоски

 

Целта на ЕCRA (European cave rescue association ), Европска асоцијација за пештерско спасување, е да промовира размена на знаење и искуство во областа на спасување од пештера. Ова значи дека ЕCRA е заедница на европски спасители од пештери, кои ќе разменуваат знаења и техники за да реализираат брз, безбеден и удобен транспорт на повреденото лице надвор од пештерата.

 

Првата идеја за создавање организација на спасувачки групи во пештери беше во 2007 година на состанокот на алпските карстни земји што се одржа во Берхтесгаден, Германија. Потоа, во 2008 година се одржа првата средба на „алпските спасители во пештери“ во Минхен, Германија. После состанокот во 2009 година во Тревизо / Италија и 2010 година во Салфелден, Австрија, беше донесена одлука да се поканат и спасители во пештери од не-алпинистички области. Во пролетта 2012 година беше донесена одлука за создавање „Европска асоцијација за спасување од пештери“ и основана есента 2012 година во Франција.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи