Одбележани 40 години Центар за култура „Марко Цепенков“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Со концертот „Од Нас за Вас“ синоќа во преполната голема сала од ЦК„Марко Цепенков“ во Прилеп беа одбележани 40 години од формирањето на Домот на културата „Марко Цепенков“, односно центарот.

 

На концертот настапија танцовото студио Зодијак, пејачите Ана Митоска, Илија Белистојаноски и Катерина Попоска, театарот Чин 4 Сцена 5  изведе извадоци од две претстави, а се претставија октетот Прилеп, КУД „Моминок“ и „ DOUBLE  STRINGS “.

 

Беше потсетено дека на 14 ноември 1979 година бил отворен Домот на културата, а првата претстава што била изведена била „Факел“ од Коце Солунски.

 

„Тешко е да се сублимираат сите активности – концерти, претстави, изложби, промоции..  што се реализирале во институцијата низ годините, но сега ЦК„Марко Цепенков“  e вистински репрезент на  културата и уметноста, не само во градот и во Македонија, туку и пошироко“, велат од ЦК„Марко Цепенков“.

 

По повод годишнината во изложбениот салон беше поставена рестроспективна изложба на дела од колонијата Дрен.

 

На прославата присуствуваше и заменик министерот за култура г. Владимир Лазовски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи