При претрес во домот на Ременски пронајдени доверливи документи – таа се правда со безбедносен сертификат

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Основното јавно обвинителство (ОЈО) нашло доверливи документи во домот на осомничената пратеничка Фросина Ременски во аферата „Рекет“. Од обвинителството не откриваат за какви документи станува збор, но демантираат дека тие се поврзани со случајот „Монструм“, како што објавија некои медиуми.

 

„При претрес на домот на осомниченото лице се пронајдени документи и за нив се известени институциите од каде што потекнуваат документите и кои се надлежни за преземање на понатамошна постапка“, велат од ОЈО.

 

Од домот на пратеничката се одземени и два мобилни телефони кои се дадени на вештачење.

 

Ременски реагираше дека претресот во нејзиниот дом бил незаконски, а за документите кои биле одземени тврди дека имала безбедносен сертификат.

 

„Како поранешен министер и сегашен пратеник и потпретседател на Собранието од 2015 година поседувам безбедносен сертификат Државна тајна“, вели Ременски.

 

Според Ременски, документ со кој се прикрива кривично дело, пречекорување на овластувања или други незаконски дејства не може да биде класифициран документ.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи