ВИДЕО – Новите сознанија за Колобаиса и Трескавец ќе дадат уште поголема тежина на апликацијата за УНЕСКО

Најновите археолошки откритија на Трескавец и античката населба Колобаиса која егзистирала на тој простор од 1 до 6 век и даваат нова димензија и ќе ја зацврстат апликацијата за УНЕСКО на заштитеното подрачје Маркови Кули. Денови заврши последната етапа од истражувањата кои започнаа 2008 година при што се дефинираа 10 етапи на користење на овој простор, се открија двата влеза во населбата кои покажаа дека местото отсекогаш имало сакрален карактер, а не било воено утврдување. А се докажа и тоа дека 13, а не 14 век е периодот на најголемиот развој на манастирската архитектура во Византија.

 

 

„Тоа сето му дава дополнителна димензија на тоа што нас ни беше како приоритет, контекстуалноста на наодите. Значи не ни беа важнии поединечните наоди сами за себе, него во контекст на заштиитеното подрачје Маркови Кули“, истакна Бранислав Ристески, директор на Институтот за старо словенска култура.

 

Идната година се планира целосна конзервација на откриените објекти и да се започне со откривање на палатите и другите простории на населбата.

 

„Археолошките истражувања ќе добијат сосема нова динамика, сосема нов приод каде одредени репрезентативни објекти ќе бидат детално истражувани, а истовремено ќе имаме конзерваторски зафати, особено на периметралните ѕидови на античката населба со што целосно ќе се промени конфигурацијата на теренот или користењето на просторот на манастирот Трескавец онака како ние го познаваме“, додаде Ристески.

 

„Возобновувањето на целиот тој заштитен бедем околу Колобаиса кога денес ќе го возобновиме ќе значи природна заштита од пожари затоа што секоја втора година тука има шумски пожари“, кажа отец Калист, монах кој живее на Трескавец.

 

Целиот простор ќе биде организиран како едно мистично патување низ времето преку раскажување на милениумската приказна на ова место од антиката до денес што ќе претставува уникатна туристичка атракција.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи