Компаниите со закон ќе се обврзат да вложуваат во мерки за енергетска ефикасност

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Новиот закон за енергетска ефикаснот ќе обврзе околу 250 компании да воведат мерки за енергетска ефикасност. Најголемиот дел од компаниите се од металургијата, фармацијата и енергетскиот сектор, како капацитети кои имаат голема потрошувачка на електрична енергија.

 

„Овие компании исполнуваат 2 од 3 критериуми за потреба од инвестирање во енергетска ефикасност, но ќе добијат многу од оваа инвестиција: заштеда на енергија во процесот на производство, намалени емисии на стакленички гасови и заштеда на пари“, вели Панче Атанасовски од Агенцијата за енергетика .

 

„Енергетската ефикасност не е на посакуваното ниво зашто и самата индустрија не е свесна за можностите и придобивките. Способноста на давателите на услуги, пак, е ограничена иако постои многу широк опсег на решенија кои може да се применат. Третиот предизвик се политиките за поддршка на енергетската ефикасност“, истакна Марко Матеини, експерт од УНИДО.

Компаниите ќе треба да обучат и кадри кои ќе го водат процесот, а ќе имаат и можност да аплицираат за донации од странство. Од Агенцијата зе енергетика велат дека компаниите мора да добијат финансиска помош од институциите.

 

„Важно е да се утврди постапка на која компанија кога и како ќе дадете помош за финансиските средства не ја закочат во нејзината работа. За да не се случи од примена на мерките да ја затворите компанијата или бизнисот, туку да и овозможите да ја преживее трансформацијата“, вели Атанасовски.

 

Агенција за енергетика заедно со УНИДО, Oрганизацијата за индустриски развој на Обединетите нации го спроеведуваат проектот за енергетска ефикасност на индустријата преку кој се обидуваат да ги заинтересира индустриските компании да инвестира во енергетса ефикасност. Во моментов само 20 компании во земјава се заинтересиреле доброволно своите капацитети да ги прилагодат во енергетски ефикасни.

 

Новиот закон за енергетска ефикаснот во мометов е во собраниска процедура и се чека негово стапување на сила.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи