Над 200 поплаки за повреда на правата на детето

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Значително е зголемен бројот на поплаки за повреда на правата на детето. До Канцеларијата на Народниот правобранител досега се пристигнати над 200 поплаки, најмногу за згрижување на децата, за семејните права, личните контакти со родител, роднина, правото на издршка, старателство. Народниот правобранител постојано укажува и бара од сите инволвирани во процесот на грижа за децата да преземат поголема одговорност, но позначителни промени засега нема.

„Сметам за потребно да потенцирам дека оваа година имаме значително зголемување на бројот на поплаки за повреда на правата на детето, која бројка иако сè уште не е завршена годината веќе надминува 200“, вели за МИА заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа.

 

Најголемиот дел од поплаките, како што посочува, се однесуваат на згрижување на децата од предучилишна возраст – градинки, што особено се актуелизира по прогласување на епидемијата на мали сипаници и одлуката во градинка да не се примаат невакцинирани деца, како и претставки за неможност за упис на деца во прво одделение.

 

„Ние како институција максимално се заложивме за решавање на овој проблем со оглед на тоа дека станува збор за судир на две права – правото на здравствена заштита од една страна и правото на образование од друга страна. Побаравме од Владата со посебна информација овој проблем да се реши во најдобар интерес на детето, имајќи предвид што укажува Конвенцијата за правата на детето„, вели Бајрамовска – Мустафа.

 

Kога станува збор за детските права, како што посочува, и натаму е голем број на поплаките кои се однесуваат семејните права, поточно личните контакти со родител, роднина, правото на издршка, старателство нешто што со години наназад се провлекува, како и правата на децата сместени во установи, односно згрижувачки семејства.

 

На прашањето колку во нашата држава се почитуваат препораките на Народниот правобранител за правата на детето, Бајрамовска – Мустафа одговара дека ако како институција со години укажуваат дека има проблеми во одредени области, односно кога тоа го повторуваат, тогаш не може да се зборува за некакви позначителни промени по нивните препораки.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи