Скулптура на уметникот Давид Атанасоски изложена во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Под наслов „Геолошки пресек“ прилепскиот уметник Давид Атанасовски на публиката во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и ја претстави својата скулптура изработена за манифестацијата Нов културен бран. Скулптурата, составена од два дела со симболика го објаснува насловот „Геолошки пресек“.

 

Според младиот уметник Атанасоски, со употребата на дрвени штици и хартија како материјали за скулптурата, се праќа порака.

 

„Моја главна цел е преку една ликовна интерпретација на геолошките деградации на земјината кора да го моделирам моето уметничко дело користеќи секундарни материјали, во овој случај дрвени штици и хартија. Употребата на овие репродуктивни материјали индиректно се поврзува со идејата за интеграција и имплементација на еколошките, економските и општествените тенденции во глобалниот биолошки екосистем“, вели Атанасоски.

 

 

За историчарот на уметноста Викторија Димеска, впечатливото уметничко дело на Атанасоски упатува на настанувањето на земјата и еволутивниот процес.

 

„Создавајќи хармонија помеѓу органската и геометриската форма, скулпторот креира пластична целина или елемент, притоа, истакнувајќи ја природната вредност на материјалот – дрвото. Метафорично, стратиграфскиот приказ на структурата ја симболизира еволуцијата на земјата, од нејзиното настанување до денес, културолошката слоевитост и наративниот приказ на историјата на човештвото. Додека, пак, хартијата или пишаниот збор ја симболизира сопствената улога на медиум и информатор, поради податливоста на информации, како и сведоштво за идентификација и верификација на настаните, коишто се одиграле во одредени временски рамки“, рече Димеска.

 

Уметникот Давид Атанасоски досега има бројни самостојни и групни изложби.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи