Тешко повреден велосипедист на регионалниот пат Прилеп-Крушево – возило го удрило одзади

На регионалниот пат Прилеп – Крушево вчера во 16:40 часот патничко моторно возило „Фолксваген Венто“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.У. (71) од село Славеј, удрило во велосипед управуван од неговиот соселанец А.Р. (71).

 

Како што соопшти полицијата, во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница во Прилеп за укажување на лекарска помош.

 

Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа на Полициската станица од Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи