ВИДЕО – Започна откупот на тутунот, се очекува добра цена и за 6% повеќе килограми од лани

Започна откупот на тутунот за реколтата 2018/2019. Лани имаше произведено околу 25 милиони килограми, а годиинава се очекувало 6% повеќе. Поради одличната реколта очекувањата се дека и просечната цена по килограм ќе биде повисока од лани, кога таа изнесуваше 217 денари. Првите тутунари кои го предадоа тутунот задоволни од проценката.

 

 

„Оваа реколта е подобра годинава и подобра класа добивме, засега ни е донесен само еден дел од тутунот. Убаво поминавме сега добив прва и втора“,истакна Трајче Ристески, производител на тутун.

 

„Два тона тутун имам сега помина моментално прва и втора, за разлика од лани е каде каде подобра“, додаде Ристе Младеноски, производител на тутун.

 

Годинава тутунот во Македонија е засаден на 13.342 хектари тутун и се склучени 32.798 договори. Тој ќе се откупува на 210 пунктови од страна на 9 откупни фирми кои годинава очекувале добра реколта.

 

„Очекуваат една добра сезона, квалитетот е исто така добар на тутунот оваа година со тоа што веќе сите имаат обезбедено средства за исплата“, истакна Трајан Димковски, министер за земјоделство.

 

„Денеска започнуваме во градот, во петок и во населените места, исплатата ќе биде веднаш наредниот ден“, кажа Кире Станкоски, директор на ТКП.

 

За контрола на проценката на вагите веќе биле поставени повереници од здруженијата на тутунари, а имало и зголемен инспекцискии надзор.

 

„Инспекторите се максимално на терен, имаат распоред, прават и редовни и вонредни контроли и јас лично не очекувам никакви проблеми“, изјави Зоран Шапуриќ, директор на државниот земјоделски инспекторат.

 

Според законот сите 210 откупни пунктови треба да бидат отворени до 15 декември.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи