ВИДЕО – Утре во Прилеп започнува бесплатната вакцинација против сезонски грип

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Центарот за јавно здравје од Прилеп од утре 22.11.2019 година започнува со редовната бесплатна вакцинација против сезонски грип. За оваа година обезбедени се 3.500 вакцини против грип, од кои 2.350 се бесплатни, кои што Министерството за здравство ги обезбедило за приоритетните групи на население. Исто така во тек е вакцинацијата и со комерцијалните вакцини која чини 650 денари. Досега од овие вакцинии се дадени околу 200 дози. Бесплатните вакцини можат да се добијат по претходно закажан термин од матичен лекар кој ќе процени кај која категорија припаѓа пациентот. Вакцинирањето се врши секој ден, започнувајќи од утре 22.11.2019 година од 08 до 15 часот.

 

 

„Најдобра превентивна мерка против грипот секако е вакцината. Повеќе од 3 децении кај нас се спроведува вакција против сезонски грип, секоја година. Оваа година обезбедивме како Центар за јавно здравје вкупно 3.500 вакцини, со тоа што 2.350 се бесплатни кои Министерството за здравство ги обезбеди за приоритетните групи на население, а тоа се сите лица постари од 65 години, без оглед на здравствената состојба, понатаму лица кои имаат некое хронично заболување, пред се хронични кардио-васкуларни заболувања, хронични заболувања на респираторниот систем, ХОББ и астма, хронични метаболни нарушувања пред се дијабет, болести на бубрезите, а тука спаѓаат и бремените жени и тоа од самиот почеток на бременоста. Бидејќи имунитетот пасивен се пренесува од мајката на плодот и го штити бебето до 6-тиот месец. И годинава во оваа група се и децата од 1 до 5 години, мали деца кај кои имуниот систем се уште не е доволно развиен. Во приориитетната група се и здравствените работници кои се први на удар и за нив оваа година се обезбедени бесплатни вакцини како донација од Центарот за контрола на болести“, истакна Татјана Станимировиќ, епидемиолог.

 

Инаку вакцинација против грип во Прилеп се спроведува од почетокот на 90-тите години и интересот е секогаш голем затоа што производството на вакцини е еден од најконтролираните процеси во фармацевската индустрија. Од година во година свеста за бенефитот од оваа вакцина е се поголема.

 

„Оптимално е со вакцинација да се започне пред сезоната на грипот. Кај нас, во нашата земја, во земјите од нашето опкружување сезоната на грип започнува некаде во почетокот на јануари месец. Ние започнуваме грипот да го следиме од почетокот на октомври месец и секоја година знаеме што ни се случува. За оваа година активноста на грипот е се уште на ниско, вонсезонско ниво. Во ниту еден од материјалите пристигнат во Институтот за јавно здравје досега не е изолиран вирусот на грип. Во нашата држава постојат сентинели, или стражарски места од кои што секоја недела се праќаат материјали од пациенти со симптоми слични на грипот, за детекција на вирусот на грип. Тогаш кога ќе биде првиот изолат, кога ќе се изолира вирусот на грип за прв пат, ќе кажеме дека кај нас започна сезоната на грип. Меѓутоа, низ целиот европски регион активноста на грипот е на сеуште многу ниско ниво, регистрирани се само спорадични, поединечни случаеви, нема епидемиска појава. Таму каде што се изолирани, изолирани се главно оние типови на вирусот што се содржани во вакцината. Сеште има време за вакцинација, ќе се вакцинира до крајот на годината, но ние вакцинираме и во сезоната на грип, и во епидемија на грип. Значи не е контраиндикација за тие што не стигнале да се вакцинираат, што сакаат да се заштитат, подобро е да се вакцинираат, бидејќи времето за постигнување на заштита е некаде околу 2 до 3 недели“, додава Станимировииќ.

 

Докажано е и тоа дека луѓето што секоја година редовно се вакцинираат имаат многу подобра заштита од тие што за прв пат се вакцинираат, така што кај нив за пократко време се постигнува саканата заштита.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи