Пронајдени 145 гробови на Афроамериканци под училиште во Флорида

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Гробови на 145 луѓе се откриени под средно училиште Кларенс Леон Кинг во Тампа, во американската држава Флорида, објави Би-Би-Си. Како што се наведува, тие се дел од гробиштата Риџвуд, изградени во средината на 20 век за сиромашните.

 

Школскиот одбор соопшти дека училиштето било предупредено за можната локација на гробиштата. Ковчезите, затрупани на 1 – 1.5 метри длабочина, се откриени со употреба на радар, а извештаите покажуваат дека повеќе од 250 луѓе биле закопани таму. Повеќето се Афроамериканци, а дури 77 од нив биле новороденчиња или мали деца.

 

Градот ги отворил гробиштата Риџвуд во 1942 година и го продал на приватна компанија во 1957 година. Училишната област ја стекнала земјата во 1959 година, отворајќи го средното училиште Кинг во 1960 година.

 

Денес локацијата се состои од отворено земјиште и земјоделска зграда на училиштето.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи