ВИДЕО – Засега ништо од ветените придонеси и плати за Еурокомпозитовци – повторно нови протести

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Вработените во државната компанија „Еурокомпозит“ денешните протести ги одржаа на регионалниот пат Прилеп – Скопје, кај месноста Заполшки мост. Но полицијата ги спречи да го блокираат самиот пат, тие мораа да протестираат покрај коловозот. Ги повторија своите барања дека за 4 месеци имаат земено само околу 28.000 денари. Немале повеќе договори и немале воопшто никаква работа. Претходно им беше ветувано дека кога ќе си заминат 150 вработени како технолошки вишок ќе се подобри ситуацијата, но 1 година потоа проблемите се исти. Велат дека не им преостанува ништо друго освен во понеделник да протестираат пред Влада во Скопје.

 

 

Сите знаете дека сме во безизлезна ситуација, струја немаме, здравствено осигурување немаме, плати никакви, работа никаква. Имаме најавено за понеделник протести пред Влада. Известена е Владата и министрите и писмено и телефонски и со пораки. Одговор досега немавме никаков. Пред некоја минута добивме некоја порака дека понеделник или вторник ќе имаме некоја средба, но се додека не ни потврдат ние остануваме на истото да протестираме пред Влада“, рече Роберт Богданоски, вработен во Еурокомпозит.

 

Денеска на протестот се приклучија и дел од поранешните вработени кои заминаа како технолошки вишок, затоа што иако се донесе законот со кој требаше да се исплатат неплатените придонеси од 2012 до денес, тоа се уште не е направено. И тие ќе се придружат на протестот пред Влада во Скопје затоа што се плашат дека после Нова Година со техничката влада нема ниту да се реши овој нивни проблем.

 

На жалост ниту после една година од кога заминавме решение за фирмата нема. Со стажот некако се реши но еве уште немаме официјално решение така што од понеделник почнуваме со протести повторно, ќе одиме и ние во Скопје заедно со вработените. Затоа што после Нова Година има техничка влада и ако не се реши уште овој месец нешто со фирмава после ќе биде тешко. А нема ниту инвеститор“,кажа Пеце Вељаноски, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

Покрај неисплатените придонеси, вработените во Еурокомпозит немаат земено околу 18 плати, а не им е во целост исплатена ниту отпремнината.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи