ВИДЕО – Трибина за НАТО во Прилеп : Со влезот во Алијансата за компаниите ќе се отвори пазар со обрт од околу 5 милијарди евра

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Со влезот во НАТО за македонските компании се отвора нов пазар со обрт од околу 5 милијарди евра. Политичката сигурност ќе ги стимулира инвестициите, како странски така и домашните, што пак ќе влијае на намалување на невработеноста, економски раст и развој и подигнување на животниот стандард. Ова беа поентите на панел дискусијата за предностите од НАТО која се одржа во Прилеп. На трибината беше потебнцирано дека со влезот во Алијансата македонските компании за прв пат ќе имале можност да учествуваат на јавните набавки во системот на НАТО, а особено голем потенцијал се јавувал за ИТ компаниите кои можат да добијат работа и како субконтрактори.

 

 

„Земјите кои влегоа во НАТО, 5 години пред да влезат и 5 години откако станаа членки, кај нив странскиите директни инвестиции се покачиле од 4,5 % од БДП на на 7,4% од БДП. Земјите кои пристапија во НАТО во 2004 година, повторно ако се споредува период од 5 години пред и по приклучувањето, има раст на учеството на бруто-инвестициите во БДП за 6 процентни поени. Имаме разлика исто така и на просечната стапка на невработеност од 11,4% на 6,5%, односно за 5 процентни поени пониско“, истакна Нина Ангеловска, министерка за финансии.

 

Заменик амбасадор на Обединетото Кралство Доминик Отвеј истакна дека сите земји кои влегле во НАТО имале огромен финансиски бенефит од членството во најмоќниот и најстабилниот сојуз во светот.

 

„Сите земји членки годишно инвестираат околу еден трилион долари за да може да ја обезбедат сигурноста и безбедноста на околу 1 милијарда луѓе. Уште една предност е во тоа што Сојузот дава поддршка на демократијата, слободата и функционирањето на правото. Што не им дава доверба само на странските инвеститори туку и на домашните инвеститори им дава сила да продолжат да инвестираат внатре во земјата“, изјави Доминик Отвеј, заменик амбасадор на Обединетото Кралство.

 

Вакви панел дискусии за предностите и бенефитите од НАТО планирано е да се одржат и во други градови.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи