„Крај за молкот“ – кампања по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жената

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените годинава се одбележува со кампања 16 дена активизам против родово базираното насилство. Под мотото „Крај за молкот“, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) започнува со нова кампања за подигнување на свеста за насилството кон жените, со фокус на правата на жените.

 

Мотото „Крај за молкот“, како што информираат од ОБСЕ, ја потенцира една од главните пречки во борбата против насилството врз жените, а тоа е дека многу жени сметаат дека домашното насилство е лична работа и многу малку жени жртви на насилство зборуваат за истото, додека уште помалку, насилството го пријавуваат во институциите. Истражувањето на ОБСЕ покажа дека само два проценти ги пријавиле најсериозните инциденти во полиција.

 

Половина од жените (45%) во земјава, покажуваат резултатите од истражувањето, биле жртви на психичко, физичко или сексуално насилство од својот партнер. Истражувањето покажува дека три од пет (60%) жени мислат дека насилството врз жената е често, а речиси три од десет жени сметаат дека насилството врз жената во Македонија е многу честа појава.

 

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, верува дека молкот и стигмата придонесуваат случаи на насилство врз жените и девојчињата да останат непријавени и неадресирани.

 

„Време е да го запреме ова. Насилството врз жените и девојчињата е неприфатливо, дискриминирачко и мора да се осуди и спречи по секоја цена. Ги повикувам сите мажи и момчиња да се посветат и да преземат одговорност кон постигнување на родова еднаквост. Сите треба целосно да се посветиме кон заложбата за нулта толеранција на родово базираното насилство, рече Која“, се наведува во соопштението на ОБСЕ.

 

За ОБСЕ, насилството врз жената не е лична работа и кампања ги охрабрува жените да ги пријавуваат сите случаи на насилство на бројот 0800-100-600 и да бараат помош во СОС Центарот на телефонскиот број 011/2645-328 (од 10-20 часот за време на работните денови).

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи