Лукаревска: За две недели ќе бидат исплатени парите од „Мој ДДВ“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

За две недели ќе бидат исплатени парите од повратот на ДДВ што граѓаните го прават со скенирање на фискалните сметки, изјави директорката на УЈП Сања Лукаревска.

 

„Од 1 јули започнавме со реализација за проектот Мој ДДВ односно поврат на 15 проценти од платениот ДДВ кон граѓаните кој има за цел да ги врати парите кај граѓаните и да придонесе за намалувањето на сивата економија. Заклучно со денешниот ден бројот на корисници е 183.572, скенирани се 38.514.016 фискални сметки, а остварен е прометот од 18.877.173.838 денари. Повратот од 15 проценти е во висина од 4.986.000 евра“, истакна Лукаревска.

 

„Во моментов се подготвуваме, имаме уште неколку дена до почнување на декември. Во најскоро време, на почетокот на декември, би требало некаде за 10 до 15 дена да ги вратиме назад парите кај граѓаните. Со тоа што ќе добијат и претходно известување на меил согласно оние податоци кои ги имаат во Е-пдд, дека ќе им се изврши исплата“, вели Лукаревска.

 

Според Лукаревска, ефектот од мерката е голем, бидејќи издавањето на фискали и наплатата на ДДВ се зголемиле.

 

„Генерално од месец во месец ДДВ-то расте. На пример ако земеме да споредуваме првото тромесечје оваа година јули, во споредба со јули лани имаме покачување на ДДВ-то од 10,3%. Таа тенденција продолжува и во август каде имаме зголемување од 27,3%. Во септември околу 36,7%. Бројките покажуваат дека до крајот на годината очекуваме да имаме брилијантна наплата на ДДВ-то,“ вели Лукаревска.

 

Откако започна скенирањето на фискални казнети се повеќе од 100тина фирми за неиздавање фискална сметка.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи