Прилепските советници ги потврдија Решенијата за формирање комисии за процена на штетите од невремето во 2018 и 2019 година

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Советот на општина Прилеп денеска ја одржа 35. итна седница, на чиј дневен ред се најдоа две точки.

 

Откако советниците ја изгласаа оправданоста на итноста на седницата, без дискусија донесоа едногласна одлука за потврдување на Решенијата за формирање на комисии за процена на штетите настанати со невремето кое го зафати поширокиот регион на општина Прилеп во 2018 и 2019 година.

 

Исто така, едногласно и без дискусија, советниците ја усвоија предлог-одлуката за проширување на средствата на буџетот на Општина Прилеп за 2019 година.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи