Пендаровски: Сите кои сме биле или сме на власт да му се извиниме на македонскиот народ

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот Стево Пендаровски се извини за неговата изјава дадена во Нови Сад, дека и тој би се иселил ако не бил претседател. Вели дека кога би бил млад човек, не би го потрошил животот во чекање и според него не постои политичка партија или претседател кој може да се пофали со големи резултати во намалување на трендовите на иселувањето.

 

„Демографските трендови се слични во регионот. Ние треба да му се извиниме на македонскиот народ што не сме го спречиле иселувањето. Можеме да замислиме кога ќе правиме попис, колку ќе не пребројат. Ако за 30 години сме отишле надолу, ние се чудиме зошто младите се со такви размислувања. Јас лично се извинувам за лошиот вокабулар. Не постои ниту една политичка партија која може да се пофали со големи резултати во намалување на трендовите на иселувањето. Ниедна држава не го спречила комплетно иселувањето. Треба да дојдеме што поблиску до развиениот дел на континентот. Од друга страна, во овие шест месеци откако сум претседател, јас сум свесен дека можев повеќе да направам“, истакна Пендаровски.

 

Пендаровски рече дека не зборувал ниту за ВМРO-ДПМНЕ, ниту за СДСМ, туку дека зборувал за изгубените европерспективи.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи