60 лекари преку отворено писмо предупредуваат дека Асанж може да умре во притвор

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Џулијан Асанж се наоѓа во вистинска опасност да умре во затвор во Велика Британија Можно е да не е ни способен да го издржи судењето за екстрадиција, со оглед на годините несоодветната здравствена грижа, преку отворено писмо предупредија 60 лекари од целиот свет.

 

Асанж, основачот на Викиликс, во моментов се наоѓа во притвор во британскиот Белмарш, затвор со високо обезбедување, а во февруари следната година треба да му се суди по барање за екстрадиција од САД, каде може да му се изрече казна затвор до 175 години.

 

Во писмото упатено до британското министерство за внатрешни работи, лекарите бараат Асанж итно да се префрли во болница од затвор на југоистокот од Лондон, а своите тврдења ги засноваат на изјави на сведоци кои присуствувале на неговото појавување пред судот на 21. октормври, како и сведочењето на известувач на ОН кој го видел на 1. ноември, пренесува Гардијан.

 

„Го пишуваме ова отворено писмо како лекари, за да изразиме сериозна загриженост за физичката и психичката состојба на Џулијан Асанж“, се наведува во писмото напишано на 16 страни.

 

Пред една недела, Џон Шиптон, таткото на Џулијан Асанж, во интервју за норвешки медиуми изрази загриженост дека екстрадицијата на неговиот син ќе значи и негова смрт.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи