Учениците од ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп и нивните ментори жнеат награди

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Трудољубивоста, посветенооста , издржливоста и знаењето носат успех на секое поле во животот. Што значи да се биде истраен и посветен измината недела ни покажаа учениците од ООУ „ Добре Јованоски“ Прилеп, освојувајќи во една недела дури пет награди кои ја отсликуваат ситуацијата во училиштето, дека учениците и нивните ментори се спремни во секој момент да го покажат она што го знаат на најдобар начин.

 

Учениците се натпреваруваа во повеќе области меѓу кои спортот, францускиот јазик рецитирањето, библиотекарството и креативноста. Наставниците од ова училиште истакнуваат дека за да се изгради планина секој ден треба да се носи по една кошница  земја на местото, што значи дека наградите не доаѓаат преку ноќ, тие се резултатат на многу залагања и одрекувања од  животот, но задоволството од работата со учениците нема цена.

 

Секојдневните тренинзи на учениците и нивните ментори Златко Думбалоски и Зоран Мирчески на училиштето му го донесоа првото место на зонскиот турнир во футсал кој се одржа во Кавадарци.

 

Ученичката Исидора Николоска од VII – 2 со сета своја дарба и емоција го освои првото место во рецитирање по повод Месецот на книгата организиран од Градската библиотека во Прилеп и на песната „Трета молитва на моето тело“ од Ацо Шопов и даде чиста душа, онаква каква што и самиот поет Ацо Шопов ја замислил да ја доживее читателот. Ментор на Исидора беше наставничката по македонски јазик Јагода Волческа.

 

Дека францускиот јазик сеуште е омилен меѓу учениците докажа Вилијам Нунески кој го освои второто место на регионалниот натпревар по француски јазик кој се одржа во Битола, а за неговиот успех заслужна е наставничата Љупка Томиќ која со многу љубов и трпение секојдневно работи со учениците.

 

Едис Еминоски од IX одделение го освои првотото место на општинскиот натпревар за Млади библиотекари кој беше организиран од Градската библиотека во Прилеп, а Никола Бонески од IX одделение второто место. Едис со освојувањето на првотото место на општинскиот натпревар се пласираше на државниот натпревар за Млади библиотекари каде го освои третото место на истиот. Негова менторка е наставничката Панде Николоска која е наставник по македонски јазик.

 

По повод 30 години од Конвенцијата за правата на децата УНИЦЕФ и МОН го оргнизираа Најдолгиот час на светот, каде ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп зеде учество на истиот со снимање на видео со наслов Детство од иднината. Го освои најпрестижното прво место на истиот. Најдолгиот час на светот беше реализиран од тим од наставници и стручни соработници. Наставниците кои го реализираа часот се Панде Николоска, Маја Најдоска и Јагода Волческа. Стручна служба беше Софија Бошеска, додека техничка обработка Изабела Узуноска Црнеска.

 

После овие награди од ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп им ветија на учениците и нивните родители дека нема да запрат овде, бидејќи ова им претставува поголем мотив за жнеење на награди и во иднина.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи