Овој пат Заев си праел муабет со „Грета Тунберг“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Лажни профили му се јавиле телефонски на премиерот Зоран Заев и му се претставиле како светски познатата тинејџерска активистка за климатски промени Грета Тунберг и нејзиниот татко. Шефот на македонската Влада се посомневал во автентичноста, но сепак го довршил разговорот.

 

Ова го откри Марјан Забрчанец, советникот за комуникации на Заев, на денешната Меѓународна конференција „E-Society.mk – Отворени институции и отчетност“. Забрчанец додаде дека ова се случило пред неколку дена и разговорот го оцени како „хибриден напад“ пософистициран од оној на руските пранкери.

 

Тој вели дека напаѓачите се јавиле од „брендирани канали“, но дека проверката која траела неколку дена покажала дека се работи за „хибриден напад“. По проверката било известено и семејството Тунберг.

 

Тунберг и Заев беа неодамна номинирани за овогодинешната Нобелова награда за мир.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи