ВИДЕО – Прилеп прва општина каде „Екомонитор“ постави 6 станици за мерење на квалитетот на воздухот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Прилеп ќе биде првата Општина во Македонија каде ќе се спроведе пилот проектот „Екомонитор“ и ќе бидат поставени 6 станици за мерење на квалитетот на воздухот. Станиците ќе бидат поставени бесплатно во рок од 6 месеци, по што од општината најавија дека доколку се покажат добри мерењата на воздухот ќе се изнајделе пари за да се купат овие станици. Но засега од „Екомонитор“ немаат утврдено цена по која ќе ги продаваат станиците.

 

 

„Во текот на овие 6 месеци сите тие 6 мерни станици ќе бидат дислоцирани на различнии места во градот за да се добие реална слика за загаденоста. Ако сме задоволни од овие мерни станици, ако тие станици се добри, тогаш во наредниот период ние ќе најдеме начин да купиме такви мерни станици во нашата општина“, Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Во исто време ќе функционира и станицата која беше поставена лани, при што ќе можат да се споредат параметрите.

 

„Не сакаме сето ова да го ставиме под тепих, не сакаме станиците да ги поставиме во април па до октомври да мериме кога загадувањето е најмало. Затоа ги поставуваме токму сега во периодот од годината кога има најмногу загадување на воздухот и да видиме дали и колку точно е загаден воздухот во Прилеп и да превземем адекватни активности“, додаде Јованоски.

 

Од „Екомонитор“ истакнаа дека практично изолиранана била можноста да се штелува станицата. а сите податоци кои ги дава, во својата изворна форма ќе можеле да се најдат на нивната интернет страница.

 

„Сите сензори кои се користат се со индустриски квалитет, се набавуваат од ЕУ и поседуваат ЦЕ сертификат. Тоа значи дека нивните параметри се валидирани ии акредитирани во ЕУ и ги задоволуваат сите стандарди. Сите податоци во својата изворна форма, не само оние кои се статиистички преработени и се прикажуваат на мој воздух или нашата веб страна, сите ќе бидат дадени во својата изворна форма на бесплатно превземање, за било кој што ќе сака да ги превземе и обработи. Така што можноста да се штелува на било каков начин е практично исклучена. И самиот софтвер е така напишан тоа да не го дозволи“, истакна Петар Орданоски, „Екомонитор“.

 

Овој проект беше поддржани од Фондот за ииновации со околу 250.000 евра.

 

„Инаку дека посебно внимание им посветуваме на овие проекти кои се занимаваат со заштита на животна средина говории и фактот што за многу брзо за 1-2 ќе објавиме уште еден повик „О2 предизвиик“ каде ќе се финансираат проекти кои ќе работата на детектирање на загадувањето на амбиенталниот воздих во урбанис средини“, изјави Бранислав Маркоски, Фонд за иновации и технолошки развој.

 

Инаку овој проект Екомонитор е на Ванчо Орданоски, брат на познатиот македонски новинар Сашо Орданоски. Претходно индиска компанија го обвини Екомонитор дека го украла овој производ од кај нив, но и тогаш и денес од Екомонитор ги отфрлаат овие обвинувања. Велат дека станува збор за чисто македонски производ кој се произведува тука, а производот веќе бил патентиран во бирото за индустриска сопственост.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи