Новите објекти во Македонија се висококвалитетни, можат да издржат земјотрес до 7 степени по Рихтер

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Градежната комора на Македонија, континуирано ги следи најновите трендови во областа на градежништвото, се работи со висококвалитетни градежни материјали и со големо внимание и посветеност се имплементираат во процесот на градење, истакна Ивица Јаќимовски, претседател на Градежната комора.

 

Според Јаќимовски компаниите кои се членки на Комората работат квалитетно, согласно пропишани норми и стандарди. Апелира граѓаните кои планираат инвестиција да соработуваат со компаниите кои се лиценцирани, а не да купуваат од сомнителни правни лица.

 

„Апелираме дека не смее да се отстапува од квалитетно домување, со главен акцент на сигурноста, енергетската ефикасност, како и квалитетот на градежните материјали и вградената опрема. Би сакале да потенцираме дека во нашава земја, квалитетот на градбите се на високо ниво, направени согласно сите норми и стандарди за армирано бетонски конструкции“, изјави Јаќимовски

 

Тој додаде дека улогата на градежниот сектор е да гради согласно најновите технологии во Европа и светот, со воспоставени норми и стандарди како за нови градби, така и за градби кои се со дотраен квалитет каде што е потребна нивна обнова и санација.

 

Проф. д-р Влатко Шешов, директор на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија истакна дека земјотреси имало и ќе има, но целта е да се работи согласно стандардни прописи, за објектите да ги преживеат земјотресите.

 

„Сите нови градби мора да се изведат согласно проектите и стандардите за проектирање. Во тие стандарди за проектирање државата го дефинира нивото на прифатлив ризик за одреден тип на објекти. Вообичаено се проектира на ниво на очекуван интензитет или јачина, магнитуда. Ние не ги проектираме објектите во Македонија за земјотрес од Јапонија, Нов Зеланд или од Чиле, туку согласно науката и досегашната историја. Имаме некои анализи кои покажуваат какви се максималните очекувања. Тое е интензитет од 9 степен или или јачина од 6,5 до 7 магнитуди по Рихтер. Тоа е основата на проектирањето на поголемиот дел од објектите во државата. Сите нови објекти мора да ги задоволат овие критериуми“, изјави Шешов.

 

Новите објекти се градат за да издржат земјoтрес посилен од скопскиот и оној во Драч, иако преголема е бројката на објекти изградени без проектна документација кои се легализираа по едно евра за метар квадратен и токму тие објекти треба да се проверат, се дел до препораките на институтот за земојтресно инженерство.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи