ВИДЕО – Проданоски: Поради неспособните кадри на СДСМ, Прилеп стои во место и младите бегаат

Зоран Заев, човекот кој се наоѓа на врвот од криминалниот октопод денеска повторно е во Прилеп, во градот кој благодарение на него и неговите пулени на локално ниво изминатите две години стагнира на секое поле, изјави на денешна прес конференција Дејан Проданоски, потпретседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Тоа е човекот кој е извор на ветениот лажен живот за сите, извор на сите лаги, човекот под чие водство се случуваат најголемите рекетарски скандали, кој ја отвори државата како пупка, а на површина го изваде целиот башибозук кој изминатите две ипол години ја тероризира Македонија.

 

Зоран Заев е човекот кој пред неполн месец тука од Прилеп покажуваше недолични гестови, кој тука од Прилеп најави двојазичност и се колнеше дека нема да го промени државното име.

 

Денеска пак без ниту грам срам и совест отиде кај индустриската зона Алинци, нешто што е мисловна именка за него и СДСМ.

 

Кога веќе беше таму добро е да види како се работеше во време на ВМРО-ДПМНЕ, како се градеа фабрики и се вработија неколку илјади граѓани од Прилеп и прилепско.

 

Наместо да продолжат на ист начин, веќе три години во оваа индустриска зона нема ниту една нова инвестиција, бројката на невработени стагнира на армија од 11.000 невработени прилепчани, а младите во безизлезна ситуација го напуштаат градот и масовно се иселуваат во странство.

 

Почитуван премиер, причина за ова е вашето патолошко лажење, причина е вашето неработење и неспособност, причина се вашите неспособни кадри на локално ниво, каде патем заборавивте на злосторничкото здружување на кое ве предупреди ваш истакнат член на митинг во центарот на Прилеп.

 

Причина се мизерните 10-тина проценти реализација на капиталните инвестиции во општина Прилеп, 60% повисоките сметки за вода, неисполнетите мегаломански ветувања и секако игнорантскиот и потценувачки однос.

 

Еве кога веќе сте тука, прашајте го градоначалникот дали на 3-ти ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп постави споменик во месноста Дабница, а понудите за најповолен изведувач биле отворени дури на 5-ти ноември?

 

За крај, во ваш стил на изразување ќе ви порачаме: Во Прилеп се стоо, стои патот Градско-Прилеп, стои мостче од 500.000 евра, четирите автобуси за цел милион евра, роднини на градоначалникот градат насекаде, а единствено нешто што не стои се парите на граѓаните. Е тие се трошат без никој да им води грижа.

 

Поради тоа, ви порачуваме да се спакувате, затоа што на 12 април идната година во Прилеп ќе го доживеете најголемиот пораз досега, а потоа ќе следи одговорност за секоја можна злоупотреба и за секој кој се ставил над законот“, рече Проданоски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.