МНР: 26 патници се повредени во автобуската несреќа кога македонски автобус се преврте во Србија

Во автобуската несреќа што се случи утрово на патот Блаце- Белољин во Република Србија, кога автобус со македонски регистарски таблички се превртел, повредени се 26 лица, од кои едно е потешко повредено. Осумнаесетмина се згрижени во болницата во Блаце, додека 8 се згрижени во болницата во Прокупље, соопшти МНР .

 

Според првични информации од лекарите, сите повредени се надвор од животна опасност. Засега се сите контактибилни, но за секој случај во болницата во Прокупље се врши и компјутерска томографија за да се утврди прецизно состојбата на повредените.

 

Македонската амбасада во Белград е во постојана комуникација со надлежните органи.

 

Патниците биле дел од еднодневна екскурзија до Копаоник.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.